Платформата е поставена како дистибуирана точка за размена на сообраќај, со опрема сместена на 2 локации на кои има лесна достапност до оптичка инфраструктура како и можност за дополнително проширување на мрежата.
Точките на поврзување се:
- Универзитер Св. Кирил и Методиј - Скопје, Ректорат
- Факултет за информатички научи и компјутерско инженерство - Скопје
- Телесмарт Телеком, Скопје
На секоја локација е инсталиран мрежен преклопник XENIA QUANTA LY2R QNOS, додека врската помеѓу уредите е 40Gbit (со можност за надградба на 2 x 40 Gbit)
На следната слика е дадена графичка репрезентација на поставеноста на опремата:
Платформата е базирана на следните начела:
- Платформата е достапна за сите заинтересирани страни под слободни и недискриминирачки услови
- Заинтересираните страни мораат да ги исполнат техничките барања за поврзување на платформата.
- Заинтересираните страни мораат да ја завршат правната рамка за поврзување на платформата.