Во првата фаза проектот ќе се фокусира на студентските сервиси понудени во рамките на ФИНКИ, додека во следните фази ќе се проширува и кон сервисите што се нудат и користат од страна на другите факултети на УКИМ.
Придобивките за УКИМ-ФИНКИ се зголемување на истражувачкиот потенцијал, подобрување на сервисите, посебно во поглед на параметарот на квалитет на искуство, и нивната достапност за корисниците – студентите, креирање на нови иновативни електронски сервиси за потребите на вработените и студентите, можности за развој на иновативни партнерски односи со ИКТ индустријата....
Придобивки за партнерите од ИКТ индустријата, а особено интернет сервис провајдерите се зголемување на корисничкото задоволство на нивните корисници, можност за пристап до истражувачките резултати, можност за тестирање и валидација на нови сервиси. Платформата ќе им понуди практично место за едноставно мерење на придобивките на ваквиот пристап со што секој ќе добие значаен увид во природата и навиките на корисниците кои пак влијаат врз стратегиските одлуки кои треба да ги направат провајдерите за да го максимизираат нивниот профит.
Поставувањето на оваа платформа овозможува усовршување на практиките, процедурите и полисите во повеќе различни сфери кои се од големо значење како за академската заедница така и за ИКТ индустријата. Од посебно значење може да се издвојат поддршката за IPv6, зголемување на свесноста на крајните корисници од аспект на безбедноста, истражувања на полето на зголемена достапност на сервисите, воспоставање на најдобри пракси од областа на интернет поврзувањето, зголемување на техничката соработка во однос на континуитетот на сервисите во случај на појава на различни видови непогоди.