Платформата е започната како научно-истражувачки проект во кој учествуваат компјутерскиот центар при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженество - Скопје (ФИНКИ) и компјутерскиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје (УКИМ). Проектот обезбедува техничка, логистичка и финансиска поддршка во реализација на платформата за периодот од 2017-2020 година (4 годишен научно-истражувачки проект) по што е предвидено во крајната фаза на проектот, да се истражи можноста за трансформација на платформата во независен правен субјект (непрофитна организација во соодветна форма) управуван од страна на сите клучни играчи во индустријата (академски институции, интернет сервис провајдери, обезбедувачи на содржини и сл.)
Поврзувањето на платформата е можно по комплетирање на следната едноставна правна рамка:
- Потпишување на меморандум за соработка помегу ФИНКИ и заинтересираниот правен субјект (ве молиме доставете 2 копии од документот на адресата на Факултетот)
- Потпишување на договор за приклучување на научно-истражувачкиот проект „Истражувачка платформа (testbed) за висока достапност на интернет поврзување“ (ве молиме доставете 2 копии од документот на адресата на Факултетот)
- Поднесување на барање за техничка реализација на поврзување кон платформата (согласно техничките параметри)