2017-06-15 00:00:00
Учесниците во проектот приусуствуваа на состанокот SEE 6 организиран од страна на RIPE кој се оддржа 12-13.06.2017 во Будва, Црна гора. Присуството на многу локални компании и организации од областа на интернет поврзувањето овозможи да се додефинираат техничките решенија за формирањето на точка за размена на сообраќај врз база на искуствата од состедните земји како Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и сл. Особено беше корисно присуството на претставниците од Црна Гора каде што преку сличен проект/концепт е формирана точката за размена на сообраќај на Црна Гора - MIXP.me каде што главен партнер е Универзитетот на Црна Гора.
Macedonian