Почеток на научно-истражувачкиот проект

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) го започнува техничкиот дел на проектот „Истражувачка платформа (testbed) за висока достапност на интернет поврзување“. Во рамките на проектот кој е предвидено да трае наредните 4 години (2018-2022) ќе биде изработена техничка платформа за брза размена на мрежен сообраќај.

Поставувањето на оваа платформа овозможува усовршување на практиките, процедурите и полисите во повеќе различни сфери кои се од големо значење како за академската заедница така и за ИКТ индустријата. Од посебно значење може да се издвојат поддршката за IPv6, зголемување на свесноста на крајните корисници од аспект на безбедноста, истражувања на полето на зголемена достапност на сервисите, воспоставање на најдобри пракси од областа на интернет поврзувањето, зголемување на техничката соработка во однос на континуитетот на сервисите во случај на појава на различни видови непогоди.

Macedonian