Општи информации за платформата

Платформата е поставена како дистибуирана точка за размена на сообраќај, со опрема сместена на 2 локации на кои има лесна достапност до оптичка инфраструктура како и можност за дополнително проширување на мрежата.

Точките на поврзување се:

  • Универзитер Св. Кирил и Методиј - Скопје, Ректорат
  • Факултет за информатички научи и компјутерско инженерство - Скопје

На секоја локација е инсталиран мрежен преклопник Huawei S5720, додека врската помеѓу уредите е 10Gbit (со можност за надградба на 2 x 10 Gbit)
На следната слика е дадена графичка репрезентација на поставеноста на опремата:

Платформата е базирана на следните начела:

  • Платформата е достапна за сите заинтересирани страни под слободни и недискриминирачки услови
  • Заинтересираните страни мораат да ги исполнат техничките барања за поврзување на платформата.
  • Заинтересираните страни мораат да ја завршат правната рамка за поврзување на платформата.