Учество на RIPE SEE6

Учесниците во проектот приусуствуваа на состанокот SEE 6 организиран од страна на RIPE кој се оддржа 12-13.06.2017 во Будва, Црна гора. Присуството на многу локални компании и организации од областа на интернет поврзувањето овозможи да се додефинираат техничките решенија за формирањето на точка за размена на сообраќај врз база на искуствата од состедните земји како Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и сл.

Почеток на научно-истражувачкиот проект

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) го започнува техничкиот дел на проектот „Истражувачка платформа (testbed) за висока достапност на интернет поврзување“. Во рамките на проектот кој е предвидено да трае наредните 4 години (2018-2022) ќе биде изработена техничка платформа за брза размена на мрежен сообраќај.

Иницијатива за започнување на проектот

Успешно завршија работилниците во склоп на проектот „Истражувачка платформа (testbed) за висока достапност на интернет поврзување“ кои се одржаа на 10 и 11 ноември 2016 во просториите на ФИНКИ.
Во рамките на проектот на ФИНКИ „Истражувачка платформа (testbed) за висока достапност на интернет поврзување“ беа организирани две работилници на тема: